Конечно! На 11 јули јас и мојот пријател – волонтер пристигнавме во Скопје, по неколку одложувања на нашите летови од Брисел до Загреб и од Загреб до Скопје.
Моето име е Рубен, 19-годишен Белгиец кој наоѓа голема радост во музиката, пивото, политиката, истражувањето нови земји и нивните култури и луѓе. Пораснав покрај белгиското крајбрежје, што во никој случај не значи дека пораснав на плажа и добра клима, па доаѓањето во Скопје беше убава промена од дождот и ветерот.
Моментално живеам во Брисел, главниот град на Белгија, а всушност и главниот град на Европа, па доаѓајќи овде на мојот прв ден бев многу трогнат кога ги слушнав проблемите на локалното население и протестите што се случуваат.
Навистина се надевам дека ќе научам и ќе разберам повеќе за тоа како луѓето во регионот ја перципираат ЕУ и нивните институции, со какви прашања се занимаваат луѓето овде, но сепак, највозбуден сум што да ја открив убавината на ова неверојатно место и што луѓето имаат да понудат!
Досега, на мојот прв ден во Скопје присуствував на настанот „Размислуваме напред со Еразмус+“ и веднаш знаев дека дојдов на вистинското место. Слушав и зборував со некои извонредни луѓе со одлични умови. Го слушнав нивниот повик за активизам и ангажирање во напредокот, како група на млади и особено како млади од земјите од Западен Балкан.
Ми беше многу моќно да ги слушнам и видам проектите и како овде во Македонија самите млади ги преземаат работите во свои раце и активно се борат за промени.
Што е најважно, сакам да му се заблагодарам на Волонтерски Центар Скопје што направи јас и мојот колега белгиски пријател да се чувствуваме толку добредојдени, како и за одличните разговори што ги имав со луѓето во и околу центарот. Имам чувство дека ова е почеток на едно големо патување за мене и се надевам дека ќе можам да станам дел од овој прекрасен тим. Се надевам дека ќе се вратам откако ќе заврши мојот тринеделен мандат!
Ви посакувам мир и љубов (:
Рубен Меирлен
Ова е приказна за едно момче од Белгија, кое како волонтер дојде во Скопје да работи заедно со неколку неверојатни луѓе во магазинот „Воисес“ Па, тука започнува мојата приказна.
Јас се викам Робин, имам 23 години и живеам во Антверпен, Белгија. Имам еден брат и сакам да вежбам и да џогирам кога имам слободно време. Учев административна работа кога слушнав за интересни проекти што се планираат во скора иднина. Ми кажаа дека имало проект во Скопје, Македонија, каде што работиш на пишување написи, интервјуа и други новинарски жанрови. Штом слушнав за ова, веќе ги пакував работите. Навистина со нетрпение го очекував ова, бидејќи многу ме интересираат приказните на луѓето и навистина сакам да ги запознавам луѓето. Имаше само еден проблем: морав да ја напуштам Белгија на повеќе од три недели. За првпат во животот го напуштам родниот град на толку долго време. На почетокот беше малку страшно, но до сега не жалам што ја донесов оваа одлука. Неколку дена пред поаѓањето цело време бев повозбуден да го истражувам главниот град Скопје.
Овде ќе останам од 11 јули до 3 август, кога е и мојот роденден и навистина се надевам дека ќе научам нови работи. Нашето патување започна во Брисел, главниот град на Белгија. Моравме да одиме со авион до Загреб, Хрватска, а од таму до Скопје. Кога стигнавме тука, Горан веќе не чекаше на аеродромот за да не однесе до местото каде што живееме. Го делиме нашиот стан со две германски девојки – Мари и Анги, како и со еден Шпанец – Нил, и ни беше многу мило што ги запознавме. Добивме многу пријателски пречек од сите нив и веднаш не однесоа на вечера и не прошетаа наоколу.
Нашата работа ќе биде да пишуваме статии и интервјуа за работи кои сите ние мислиме дека се интересни за читање. Се надеваме дека ќе напишеме неколку написи што можеби ќе ви се допаднат.
Би сакал да изразам голема благодарност и за редакцијата на „Воисес“ што ни даде можност да бидеме овде. Навистина се надевам дека сите ќе работиме заедно и ќе останеме пријатели, дури и кога ќе се вратиме во Белгија.
Робин Ламбрехтс