You are currently viewing Повик за обука во Германија

Повик за обука во Германија

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Обука „Into The Future!“ во Остерхолц Шармбек, Германија

Место: Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 2.9 – 10.9.2022

Овој курс за обука обезбедува простор за истражување на предизвиците, подобрување на работните компетенции кај младите и создавање долготрајни партнерства.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Партнер на проектот:  NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 22.7.2022

 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.