You are currently viewing Запознајте ја нашата нова италијанска група!

Запознајте ја нашата нова италијанска група!

Минатиот четврток, ВЦС ја пречека својата прва ВЕТ-група на ученици од Италија! Во текот на следниот месец, овие млади луѓе ќе добијат пракса во различни области и професии, во зависност од нивното школување во матичната земја. Сите тие доаѓаат од различни делови на Италија, а покрај работата, ќе имаат можност да ја откријат Македонија и да научат за нова култура. 

Ерика, 17 

Ерика вели дека дошла со мисија да открие нешто ново и различно. Смета дека и оди добро, бидејќи веќе запознала голем број пријатни луѓе. За неа, дружењето со пријателите е многу важно и со нетрпение очекува да развие силни пријателства и овде! 

Лиза, 17 

Љубопитноста на Лиза да посети нови места ја донела тука да стекне пракса, и таа е повеќе од возбудена поради тоа. По посетата на центарот на Скопје и на тврдината Кале, се воодушевила од убавината на градот. Десетгодишното искуство на Лиза во пливањето кажува дека таа навистина сака спорт. 

Федерико, 17 

Интересот на Федерико за Скопје се појави откако виде повеќе градби на споменици, но една од главните причини да дојде во Македонија беше да ги подобри работните и јазични вештини. Својата среќа ја наоѓа гледајќи фудбал и други спортови, но и дома додека гледа филмови. 

Ерика, Лиза и Федерико ќе стажираат во Рагуза360 – Rooftop Скопје, уникатен центар за настани за прослави и свадби. 

Маријасоле, 17 

Оваа љубопитна девојка едвај чека да дознае повеќе за овдешната култура! Кога била дете, Маријасоле секогаш се интересирала за различен стил на живеење и работа. Сега таа е љубопитна да стекне нови пријатели овде и да посети различни места во Скопје. 

Матија Р, 17 

Ако веќе малку го познаваше Балканот, бидејќи бил во Словенија и во Хрватска, Матија сега првпат доаѓа во Македонија. Како и неговите италијански пријатели, тој сака да го подобри нивото на англискиот јазик и да го стекне првото работно искуство. 

Франческо, 17 

Франческо доаѓа од Болоња, откако неговите родители се преселија од Калабрија во Јужна Италија. Тој како мал веќе бил во Скопје, па сега сакаше повторно да допатува тука: „Навистина уживав во луѓето и се чувствував топло добредојден“. Тој, исто така, сака тенис и волонтира во црква во неговиот роден град, затоа се надева дека ќе посети некои локални цркви и во Скопје. 

Маријасоле, Матија и Франческо ќе стажираат во Гарден Центар Фоја

Матија М, 17 

Овој ученик во угостителско училиште доаѓа од Ричионе во Италија. За своето прво патување надвор од Италија, тој очекува да го открие градот и да стекне нови пријатели, како и да го подобри своето ниво на англиски јазик. Доколку не е сигурен за својата идна работа, се надева дека ова прво работно искуство овде во Скопје ќе го натера да ги тестира своите лични вештини, како во работата, така и во секојдневниот живот. 

Матија ќе ја одработи својата пракса во хотел Амбасадор

Пасквал, 25 

Студирајќи економија во Болоња, водачот на групата дошол во Скопје затоа што слушнал многу добри работи за Балканот, па затоа сакал да ги открие, а воедно и да води група на ученици и адолесцентите, бидејќи сака да стане учител еден ден. Инаку, негово хоби е планинарењето и трчањето, а едвај чека да ги посети кањонот Матка и Охридското езеро.

Студентите се од Istituto Alberghiero Statale „Pellegrino Artusi“, а нивната организација-испраќач е Uniser.

Катарина Веијо и Јун Ле Брис