You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Open Yourself for volunteering“ во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Период: 10.07. – 31.12.2023 (6 месеци)

За проектот:
Волонтер ќе ја поддржува организацијата-домаќин во секојдневните активности и може да работи на полето на: волонтерство во градинка и училиште, волонтерска недела во Гдањск, добротворни настани, меѓународни проекти, тимски волонтерски ЕСК-проекти, како и промовирање на иницијативите на организацијата и развој на веб-страницата и социјалните медиуми.

Повеќе информации: ТУКА

Проектен партнер: Wolontariat Gdańsk

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирајте и преку платформата ТУКА

Краен рок за аплицирање: 20.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.