You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering opportunities” во Италија.

Место: Реџо Емилија, Италија
Период: Јуни/август 2023 – февруари/април 2024 година (8 месеци)

За проектот:

Волонтерите ќе се вклучат во активности како:

  • Имплементација на Еразмус+ проекти
  • Јазична тандем поддршка за локалното население во Реџо Емилија
  • Активности за подигање на свеста за проекти финансирани од Еразмус+ програмата за млади луѓе
  • Активности во руралната околина на Реџо Емилија

Волонтерите ќе бидат вклучени во европска средина со други млади луѓе и ќе имаат можност да дознаат повеќе за европските институции и програми, посебно оние кои се однесуваат на младинските политики и можности.

Повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Проектен партнер: YouNet

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.