Здраво! Јас се викам Ирис, имам 27 години и доаѓам од Лимож, град во централна Франција, кој е познат по порцеланот.
Пред да дојдам во Македонија, работев во фабрика за производство на душеци. Сепак, тоа беше работа на склопување, а јас сум повеќе по традиционалните техники. Па, стажирањето во друга земја беше одлична можност да се вратам на мојата прва љубов: занаетчиството.
Осум години учев тапацирање во различни училишта во Франција, а бев на пракса и во Мароко и во Германија. Научив како да обновувам фотелји, користејќи традиционални техники засновани на природни материјали како што се коњски влакна или растителни влакна. Научив и како рачно да изработувам завеси и проучував различни аспекти од историјата на уметноста. Навистина ме интересира мебелот и неговата еволуција, бидејќи тоа ни покажува како менталитетот се менувал низ вековите.
Исто така, сакам да ја откривам уметноста на другите земји. На пример, поминувам многу време гледајќи филмови и учење за различните професии вклучени во снимањето филмови. Истото важи и за видео игрите. Не дека играм многу, туку ми е фасцинантно да научам како се креира игра. Јас сум и голем љубител на музика и концерти во живо.
За да го расчистам и разберам мојот ум – уживам во планинарење, одење на патувања со мотоцикл или во пијачка со пријателите. Многу сум среќна што тука ќе бидам во следните три месеци и ќе стажирам во ткајачка
компанија која произведува традиционални носии (Народни Носии) со цел да бидеме сигурни дека занаетчиството нема да се изгуби со текот на времето.
Ирис Фош
Организација-испраќач: Cercle de Qualité
Ирис ќе стажира во Народни Носии во Скопје