You are currently viewing Повик за волонтери во Германија!

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект во Германија.

Место: Бремен, Германија
Датум: 06.10.2025 – 30.09.2026

1. Волонтирање во Erlebnisfarm Ohlenhof

Проектот: „Erlebnisfarm Ohlenhof“ воглавно ќе се фокусира на едукација за животната средина, работа со млади луѓе и со животни. Тие, исто така, ќе престојуваат на фармата.

За повеќе информации

2. Волонтирање во Alterierhaus Roter Hahn

Проектот вклучува работа со деца во областа на уметноста, учество во проекти на други организации и планирање настани во локалната заедница во Бремен.

За повеќе информации

 

Организација-домаќин: NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 30.04.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.