Здраво луѓе, јас се викам Артур, имам 23 години и доаѓам од Бордо, Франција.
Да бидам искрен, бев невработен пред да дојдам тука во ВЦС, преку програмата „Еразмус+“. Се разбира, тоа е ситуација и состојба што лесно може да се промени, имајќи ги превид бројните можности и активности. Така ги гледам работите и така дојдов овде.
Поактивен, ако зборуваме за работното поле, станав на 18-годишна возраст кога почнав да посетувам часови по бизнис и компјутерски науки, но никогаш не бев задоволен и сè уште не започнав кариера во таа фела.
Скокав и отскокнував на различни работни места низ годините. При претходниот „Еразмус+“ проект, помагав во градинка во Полска. Целосно ми го смени мислењето за тоа како искуството е нешто што се гради, а не нешто што се случува како чудо. Затоа, сакам да се возам со ова тркало и да правам работи што се вредни за мојот живот.
Сметам дека насекаде и во се што правите – можете да пронајдете можности и нешто што е вредно за грижа. Бев некако изолиран од светот додека бев тинејџер и сега сакам помалку да се грижам за работи кои, навистина, не се важни. Јас не сум суперхерој кој може да направи сè, но сакам да продолжам да се истражувам себеси и да правам работи што ми го исполнуваат животот.
Следните три месеци ќе ги поминам во ВЦС преку BAGAGES+ (француски оддел на Еразмус+).
Артур Мирабен
Организација-испраќач: Cercle de Qualité