Во септември 2021 година ние започнавме интересен КА2 проект со интернационални партнери: Musicling – Социјално претприемништво со рециклирани инструменти. Проектот беше развиен помеѓу партнери од Шпанија, Италија, Грција и Македонија. Целта беше младината да развие вештини за нивната иднина преку креативност и уметности, конкретно преку музика и изработка. Уште еден клучен елемент беше да се обучуваат млади луѓе со алатките и вештините за да ги започнат нивните сопствени претприемнички проекти поврзани со темата.
Проектот промовираше деловно образование, социјално претприемнички активности и еколошките вредности. Со создавање инструменти од рециклирани материјали, ги поттикнуваме младите да бидат повеќе свесни за повторна употреба и намалување на нивниот отпад. Проектот траеше 15 месеци и ние успешно го завршивме пред неколку месеци.
КА2 проектите мотивираат за споделување на искуства и иновации. Се нарекува Соработка за Иновација и Размена на Добри Практики, затоа проектите имаат повеќе исходи во текот на месеците на имплементација. Се сретнавме со партнери во трансакциски проектни состаноци за планирање на активностите во неколку наврати, прво во Грција, подоцна во Македонија и во Италија. Сите партнери дадоа голем придонес за интелектуалните резултати од проектот: Создавањето на платформа за учење и аудио-визуелни материјали. Сите материјали можат да се најдат на веб-станицата овде.
Ја презедовме одговорноста за создавање видеа на еко-претприемачи од целиот свет. Нашите волонтери планираа и снимија вкупно 11 видеа на нашите канали на социјалните мрежи за да инспирираме други млади луѓе за да ги започнат своите иницијативи. Во координација со други партнери, напишавме поглавја за наставна програма за учење, која обезбедува алатки и ресурси за одржување работилници за темите на претприемништвото. Секој партнер организираше настани во кои собираа ѓубре и создаваа инструменти со својата локална заедница. Нашите два настана собраа над 20 луѓе да се здружат заедно и да ја искористат нивната креативност во изработката на инструменти од рециклирани материјали и да разменат идеи меѓу себе.
Проектот имаше крајна, комбинирана мобилност што се одржа во Шпанија. Ги собра младите од сите земји партнери да се зближат и да научат за самиот проект, како и да ги користат алатите создадени во пракса. Обуката ги охрабри младите да ги започнат своите проекти за рециклирани инструменти, промовираше и нудеше можности за претприемништво меѓу младината, и ги зголеми капацитетите на здруженијата и младинските работници да шират, промовираат и направат проекти видливи преку тековните социјални мрежи, веб-страници и аудио-визуелни материјали.
Партнери: Xeracion (Шпанија), K.A.N.E. (Грција), Euro-net (Италија), VCS (Македонија)