Поздравете ја новата шпанска екипа која ќе волонтира во туристичка агенција (Арботравел) следните месеци. Не заборавајте да го резервирате вашето следно патување во Македонија со нив. Сега е време да ги запознаеме:
Џанлука Солдати, 21 година. За време на престојот во туристичката агенција, тој ќе ги развива социјалните медиуми на компанијата и ќе ја рекламира Македонија. За него Македонија беше земја која не можеше да ја прескокне да ја посети бидејќи отсекогаш бил фасциниран од Источна Европа, особено од словенските држави. Зборот што го опишува е: Благодарен.
Јаиза Рубио, 19 години. Таа ќе биде задолжена за промоција на Македонија како туристичка дестинација преку социјалните мрежи. Таа ја избра Македонија за да истражува и да открие нова култура и да се развива како личност. Зборот кој најмногу ја опишува е: Весела.
Росио Серон, 22 години. Во туристичката агенција, таа ќе работи на повеќе позиции: како истражување, креирање содржини и освежување на социјалните медиуми. Таа дојде во Македонија привлечена од прекрасните пејсажи кои можете да ги најдете овде. Зборот кој повеќе ја опишува е: Трпение.
Хуан Руиз ¸ 22 години. Тој ќе биде окупиран од рекламните услуги на агенцијата Арго. Зошто ја избра Македонија и ниедна друга земја? Некој негов близок му рекол дека оваа земја е една од најдобрите дестинации за патување и тој требаше да провери дали тоа е вистина. Зборот што најмногу го опишува е: Друштвен.