You are currently viewing Здраво Македонијо! Пристигна белгискиот тим

Здраво Македонијо! Пристигна белгискиот тим

Како и секое лето така и ова, чест ни е да бидеме домаќини на волонтерите од Белгија! Енола, Ибрахим, Ранко и Билал дојдоа во Македонија на реализација на нивниот 3-неделен волонтерски проект во ВЦС. Секој од нив со различни способности, мотивација и страст, тие се разновидно дополнување на нашиот тим волонтери. Да слушнеме по некој збор за секој од нив!

Еј здраво од Ениола! Јас сум 20-годишна Белгијка и се радувам што сум овде во Македонија да помогнам. Зошто Македонија? Имав можност да изберам од неколку земји но едноставно сакав да изберам една и да видам што ќе се случи. Повремено ја употребувам фразата дека „сѐ се случува со причина“ и навистина е така!

Немам некое посебно хоби но комуникацијата е една од моите силни страни, би сакала да бидам на радијата, телефоните и ТВ екраните на луѓето во иднина. И тоа не е поради внимание и слава, не, бидејќи тоа и не го посакувам зошто ме прави да се чувствувам нелагодно понекогаш и предизвикува завист, затоа и не го сакам тоа.

Причината поради која сакам да бидам пред очите на луѓето е тоа што сакам да им помогнам на луѓето да напредуваат и да бидат најдобрата верзија од себе си. Животот е испит и постојам за да им помогнам на луѓето да го положат. Се надевам дека во Светот ќе има повеќе мир еден ден, со тоа што го правам. Тоа ми е главната цел во овој живот!

Сега е ваш ред да го правите тоа но гледајте да уживате и да извадите поука од тоа искуство!

Ениола Аертгирц

Здраво, се викам Ибрахим и ова ми е првпат на проект како овој. Навистина сум возбуден што оваа можност ќе ми донесе. Среќен сум што партнерските организации со ВЦС ми укажаа можност мојот волонтерски проект да го реализирам во друга земја и да ја искусам младинската работа овде во Македонија.

Првиот пат кога прошетав низ градот се сеќавам дека реков: „Толку ме потсетува овде на Мароко, од улиците до скалите!“ Едноставно се почувствував како да сум во Мароко, што е во суштина позитивна работа бидејќи во Мароко одам да се одморам и посветам на себе си.

Јас сум трета година активен во младинската работа во Белгија па затоа би сакал да видам каква че биде работата овде со ромските дечиња. Сакам да направам споредба со сличностите и разликите во младинската работа помеѓу Белгија и Македонија. Младинската работа во Белгија има широк спектар но јас воглавном имав активности со дечиња како на пр. Активности во забавен парк или спортски игри.

Македонија е навистина убава земја, во срцето на Балкан. Целата е во рамките на 3 часа патување па затоа додека престојувате тука можете да ги посетите и соседните земји.

Ибрахим Бузамбу

Здраво, јас сум Билал, имам 20 години и живеам во Мехелен, најубавиот град во Белгија. Јас сеуште студирам и следам курс по Грижа за млади со посебни потреби. Во слободно време се занимавам со кикбокс, сакам да спијам и да се допишувам.

Причината поради која волонтирам овде во Македонија е затоа што веќе беше на мојата листа за посети. Кога АРС/Тумулт организацијата излегоа со понуда за волонтирање, едноставно морав да ја искористам приликата да посетам преубава земја и да ја запознаам културата и животниот стил на луѓето од овде.

Кога пристигнав беше прилично топло но природата овде е прекрасно зелена, а планините се огромни. Една е Водно која има крст на врвот. Желба ми е да стигнам до таму и да уживам во погледот од Водно.

Сакам да пробам и различна храна од македонската кујна бидејќи сум крупен и сакам да јадам. Јас сум дружељубива личност па сакам да поминувам време со пријатели, со музика и забава, се разбира.

Билал С`рифи

Здраво на сите во Македонија! Се викам Ранко и јас сум од Белгија. Студирам ИТ (програмирање). Сакам да видам како луѓето живеат и да ја запознаам нивната култура во светот. ВЦС ми ја даде можноста да дојдам овде во Македонија. Навистина би сакал да се сретнам и зборувам со луѓе од целиот свет, да добијам различни впечатоци за животот воопшто и за други работи. Навистина сум изненаден колку отворени и пријателски се луѓето настроени во Македонија. Тоа ме мотивира да дознаам за луѓето повеќе и нивната култура, како и начин на живот.

Времето што ќе го минам овде во Македонија ќе биде сеќавање засекогаш. Па затоа многу им благодарам на ВЦС и македонскиот народ.

Штотуку се здобив со диплома за Градски тренер и ќе можам да давам спортски часови/активности за деца од 6-16 години. Престојот во Македонија и волонтирањето ќе ми го збогатат искуството.

Во слободно време сакам да играм фудбал и други спортови воглавном. Сонот ми е да посетам колку можам повеќе земји.

Ранко Бергманс

Организација-испраќач: Tumult