You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Spaces for All” во Романија.

Место: Извоареле, Романија
Датум: 20.08 – 30.09.2023 (40 дена)

За проектот:
“Spaces for All“ е тимски волонтерски проект кој има за цел да собере 12-15 волонтери од различни земји за да работат заедно на отворање нов простор за млади. Волонтерите ќе реализираат различни задачи, како и активности за реновирање и доуредување, како што се бојадисување и чистење, организирање работилници и филмски вечери во младинските центри на организацијата.Тимските волонтерски проекти се отворени и за оние кои веќе реализирале долгорочен ЕСК/EВС.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Curba de Cultură

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 26.07.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.