You are currently viewing Довидување за нашите волонтери од Белгија

Довидување за нашите волонтери од Белгија

Како лета времето кога си волонтер во ВЦС!

Трите недели во Македонија, на Ине, Ишак, Мохамед и на Алекс им поминаа додека трепнеш со очите. Дури и со толку малку време, тие можеа да доживеат вистинско волонтерско искуство. Дали нивното кратко искуство им го промени животот? Не можеме да бидеме 100 проценти сигурни, но тие ни рекоа дека сакаат да се обидат повторно. И да се вратат. Следниот пат, дефинитивно ќе биде долгорочен проект.

Дечки, продолжете да сонувате големи работи и никогаш не ставајте ограничување на вашите соништа. Со среќа!