You are currently viewing Од Карибите во Македонија – добредојде за нашиот тим од Аруба!

Од Карибите во Македонија – добредојде за нашиот тим од Аруба!

Дали некогаш сте се запрашале како е да се живее на остров на Карибите? Го имаме одговорот, бидејќи 4 храбри девојки од Аруба дојдоа да волонтираат во ВЦС! Ајде да слушнеме што имаат да ни кажат Шантал, Липика, Емели и Анџели на почетокот на нивното проектно патување далеку од дома.

 

Здраво, јас сум Шантал, имам 26 години и доаѓам од прекрасниот остров Аруба, познат како „Еден среќен остров“. Студирам организација, управување и менаџмент на Универзитетот во Аруба, а оваа година ми е четврта, па ќе ја започнам мојата теза.

Пред последната година од студиите, сакав да пробам нешто ново. Работам две години, истражувам пазари на труд и пишувам проекти. Едно време уживав, но посакав промена, макар и на само неколку месеци. Тогаш дознав за волонтерската програма што ја нуди Волонтерски Центар Скопје, која ми го привлече вниманието затоа што овозможува да работам со деца и да се занимавам со новинарство. Бидејќи имам искуство во стручно училиште и искуство со деца, почувствував дека ова е совршена можност да го проширам моето знаење во овие области. Така, решив да се приклучам на програмата.

Сакам да учам нови работи, да го проширувам моето знаење, особено за човековите права, вклученоста во заедницата, учењето јазици и патувањето. Верувам дека Македонија ќе ми понуди шанса да искусам богата култура и живот во заедницата, помагајќи ми да растам лично и културно. Возбудена сум што ќе пробам нови кујни и ќе се развивам уште повеќе.

За време на ова патување, мојата главна цел е да направам позитивно влијание врз заедницата во Македонија, да се нурнам во нови култури и да стекнам знаење додека работам со деца и пишувам статии. Имам за цел да го негувам секој момент и да ја ширам свеста дека можеме да постигнеме сè што ќе посакаме.

Во слободното време, уживам во возење велосипед, поминување време на плажа со семејството и пријателите, планинарење, волонтирање во засолништа за животни, фотографирање и видеа и уживање во леден зелен чај лате додека учам или читам.

Марџори Шантал Бермуди

 

 

 

Здраво, јас се викам Липика и имам 19 години. Доаѓам од прекрасниот остров Аруба. Моментално сум втора година на студиите за угостителство и туризам. Сакам да слушам музика, да гледам емисии и да фотографирам, особено „селфија“. Една од моите лични инспирации е работата со млади, бидејќи ми носи голема радост. Одлучна сум да успеам поради себе и за моето семејство.
Во слободното време уживам во грижата за себе, вежбам карате, пијам кафе додека ги гледам моите омилени емисии, многу се дружам со пријателите и семејството, па дури и танцувам во 2 часот по полноќ.

Активно волонтирав во Аруба, а кога слушнав за можноста што ја нуди ВЦС, а тоа е да волонтираш и да работиш со деца во Македонија, веднаш се возбудив и без двоумење реков да. Избрав да волонтирам таму, бидејќи нуди сосема ново искуство и можности за личен раст. Нестрплива сум да научам за различни култури, да запознавам нови луѓе и да се прилагодам на новите навики. Ова искуство ќе ме научи како да управувам со различни аспекти од животот, како што се буџетирање, готвење и многу повеќе. Што е најважно, јас сум решена да станам понезависна и посамостојна преку ова патување.

Навистина сум возбудена поради оваа нова авантура и со нетрпение очекувам да направам позитивно влијание врз заедницата со која ќе работам.

Липика Мотвани

 

 

 

Здраво, моето име е Емели и имам 18 години. Себеси се сметам за авантуристички тип што обожува да патува. Вообичаено сум тивка, но знам да го подигнам гласот кога треба да зборувам. 

Дома знаев да одам со татко ми на кајак, на бродови или едноставно да возам велосипед. Во моето слободно време – сакам да читам, спијам или да цртам. Чувам голем број животинчиња како “macaws“- типична јужноамериканска птица од семејството папагали со светли пердуви и долга опашка, потоа кучиња, мачиња, како и аквариум со риби. 

Дојдов во Македонија со цел да истражувам, учам и да работам со деца.

Емели Расмијн

 

 

 

„Хола“, моето име е Анџели. Имам 19 години и доаѓам од мал остров наречен Аруба на Карибите. Тоа е многу гостопримливо место, а најпосебното нешто се прекрасните плажи, од кои некои се сметаат за едни од најдобрите во светот.

Моментално сум во последната година од средното училиште. Сакам да го истражувам светот и да им помагам на децата. Јас работам со нив на училиште. Поради овие причини, решив да започнам со доброволен проект за да научам повеќе за различни култури и земји. Благодарение на ВЦС, оваа можност стана возможна, а, исто така, сум воодушевена што ќе работам со деца од Македонија, да креирам работилници и да ангажирам активности со нив.

Имам голема страст за животните и околината. Други работи што ги сакам се пеењето и негувањето на моментите што ме прават среќна. Со нетрпение очекувам да научам многу и да уживам во моето време волонтирајќи овде во Скопје.

Анџели Алварез