Здраво на сите, читајќи го овој блог, би сакала да Ви се претставам: Се викам Дуња и како што разбрав – тоа е име на овошје во македонскиот јазик, но, исто така, на арапски го означува и животот и светот!
Родена сум и живеам во Париз, имам 26 години, потекнувам од Мароко, моментно сум втора година на студиите за социологија и политички науки.
Еве ја листата на работите што (не) ми се допаѓаат:
Ми се допаѓа: Театар, кино, патување, готвење (јадење, но, се разбира, и готвењето) мода, смеење, танцување и пеење.
Не ми се допаѓа: брокули, лицемерие, загадување, а најмногу од се мразам неправда.
Тука сум за да се грижам за ромските деца во Дневниот центар во Шутка, се надевам дека ќе бидам од корист и со нетрпение очекувам да ја откријам македонската култура, како и околните земји.
Грижете се за себе и ако имате сон за тоа – остварете го! Апсолутно ништо не е невозможно!