You are currently viewing ЕВС во ВЦС: Марко

ЕВС во ВЦС: Марко

Здраво! Јас сум Марко и доаѓам од еден прекрасен регион во Словенија, наречен Бела Краина. Бев неколку пати досега во Македонија и тоа е главната причина зошто дојдов повторно тука. Едноставно ја сакам оваа земја и овие луѓе … и имам многу пријатели тука. Научив многу тука, а можеби сега е време да дадам нешто назад … мислам особено преку помагање и споделување на моите искуства и знаења со децата од Дневниот центар за нега во Шутка. Многу сакам да работам со нив. Ова исто така беше една од причините да го изберам овој проект. Исто така, ќе работам и на магазинот ВОИСЕС. Па…  навистина сум среќен што дојдов тука и шоуто може да започне…