Пред 3 месеци јабанџија кој за прв пат доаѓа во Истанбул и мојата прва дестинација беше „Балат“. Допатував како јабанџија, но пројдов низ тесните сокаци од ова историско истанбулско маало со необјасниво чувство на споделена енергија и идентитет… се почувствував како да сум дома… Заедно со останатите волонтери од „Мави Калем“ подготвуваме креативни работилници за маалските деца при што им помагаме во изработката на најразлични ракотворби. Исто така сум вклучена во едно интерактивно ателје за раскажување на приказни каде што се охрабруваат самите тие да ги развиваат нивните раскажувачки таленти.