You are currently viewing ЕВС во Шпанија

ЕВС во Шпанија

Здраво! Јас сум Гордана и моментално сум волонтер во Малага, Шпанија. Работам како волонтер во музејот за наука Pricipia. Овој проект ми овозможи да го усовршам шпанскиот јазик и да го развијам моето познавање на природните науки како биологија, хемија, физика итн. Мојата работа се состои од објаснување на експериментите и модулите што се наоѓаат во музејот на шпански и доколку е потребно на англиски јазик. Малага е прекрасно место и луѓето се многу гостопримливи. Доколку сакате да живеете покрај море и да научите повеќе за културата во Шпанија, ви препорачувам да ја изберете Малага.