ЕВС во Словенија: Анета

L’Arche е Интернационална Федерација посветена на создавање и ширење на домови, програми и мрежи на поддршка за лица со интелектуална попреченост. Денес, таа е интернационална организација која е застапена во 40 држави, 6 континенти. Името на мојата организација е Барка и е лоцирана во Словенија. Составена е од две куќи во кои членовите и асистентите живеат, и работилници каде членовите го поминуваат слободното време со активности кои се интересни за нив. Исто така често има и патувања и прошетки преку кои тие комуницираат со локалната заедница, што е корисно за нивната социјализација и интеграција во општеството. Мојата улога е да им помагам во активностите, збогатувајки го нивниот секојдневен живот и во куќите и во работилниците. Мојот ЕВС досега…ја согледувам убавината и поентата на проектот Let’s live and work together!  Ќе завршам со мисла од основачот на Барка – Ние креираме хиерархија од убавина. Колку убаво би било кога би им посакале добредојде во својот дом на луѓе со размислувања различни од нашите. Не се плашете од луѓе кои размислуваат различно!
Поздрав, Анета Црвенковска