You are currently viewing EVS in Action!!!

EVS in Action!!!

Во четвртокот, 1ви Декември 2011 година, ЕВС волонтерите од ВЦС организираа локална акција во средното училиште “Васил Антевски-Дрен” во Скопје. Акцијата претставува дел од програмата на Волонтерски Центар Скопје за одбележување на 5ти Декември, Меѓународниот ден на волонтеризмот. Волонтерите подготвија колачиња, делеа флаери и друг промотивен материјал, а исто така и разговараа со младите средношколци и им ги презентираа можностите за локално и меѓународно волонтирање. Ова беше одличен ден да се Биде Волонтер!!!