You are currently viewing АНГЛИСКА ВЕЧЕР

АНГЛИСКА ВЕЧЕР

Во четврток вечер, 29 март 2012 година, почнувајќи од 20:30 нашите ЕВС волонтери Марта Браун, Пол Исак и Дејвид Болт од Обединетото Кралство ќе организираат англиски вечер во барот Лед Цепелин кој се наоѓа во Лептокарија, Карпош3. Вечерта ќе биде посветена на англиската култура и ќе биде полна со изненадувања. Ги покануваме сите кои би сакале да дознаат нешто ново во врска со нивната култура на еден поинаков начин. По 22:00 бендот „Стринг Рајдерс“ ќе свири рок и поп музика, бенд составен од талентирани млади и Дејвид Болт, кој е професионален музичар, како и Пол Исак, само што свират на различни инструменти, а Марта Браун е искусен настапувач. Дојдете да искусите и да уживате во една многу (не) типична англиска вечер со нас.