You are currently viewing Работилница „Дебата“ овој четврток (14.02)

Работилница „Дебата“ овој четврток (14.02)

Почитувани волонтери, ве покануваме да учествувате во работилницата за дебатирање која ќе се одржи во четврток, на 14ти февруари во нашата канцеларија (ул. Емил Зола 3-2/3), со почеток во 17:30 часот.
Дојдете со свеж и отворен ум и бидете подготвени да ги користите и да ги подобрите вашите реторички вештини! Предвидено е да почнеме со неколку едноставни вежби за реторика и изградба на аргументи, а потоа ќе бидат презентирани три можни теми за дебата. Ќе изберете една од нив и ќе направиме структурира за дебата на таа тема (говорниците ќе имаат малку време да ги подготват своите случаи, а потоа ќе ги престават нивните аргументи, еден по еден).
Предложените теми (откако ќе се формулираат прецизни резолуции) ќе бидат околу видео-игри, пушењето и правата на жената. Ако имате било какви прашања слободно можете да не контактирате на: vcs_contact@yahoo.com Се гледаме во четврток!