You are currently viewing Кинеска работилница

Кинеска работилница

Дали сте љубопитни за Далечниот Исток? Дали сте желни да дознаете за нивната култура? Дали сакате да научите нешто за Кинескиот јазик и култура? Ова е одлична можност за вас! Волонтерски Центар Скопје со задоволство Ве поканува на „Кинеска работилница“ која ќе се одржи на 11. декември 2012 (среда), со почеток во 17:00 до 18:30. За време на оваа работилница ќе имате шанса да дознаете повеќе за кинеската историја, култура, обичаи, храна, кинеското писмо и исто така ќе научите неколку основни зборови и фрази на кинески или пак за оние кои можеби веќе зборуваат кинески, ова ќе биде одлична прилика за вежбање.  Работилницата ќе биде водена од: Драган Лазески, дипл. филолог по македонски и кинески јазик и книжевност. За да се пријавите за оваа работилница потребно е само да испратите потврден мејл со ваше име и презиме на vcs_contact@yahoo.com