Запознајте ги нашите нови ВЕТ студенти од Италија!

Поздравете ги нашите 8 нови ВЕТ-практиканти за стручно образование и обука ! Доаѓаат од Перуџа, Италија, а ВЦС ќе им биде домаќин во следниот месец колку што ќе трае нивната пракса. Ќе работат на различни места: некои во модниот бизнис (Компанијата Бела), а некои во лабораторија за анализа на крвта (лабораториите Рамус и ФармаКан). И…

Коментарите се исклучени на Запознајте ги нашите нови ВЕТ студенти од Италија!

UNITY CANVAS: Collective Art for Wellness & Awareness

Како изгледа еден проект одржан во рурален предел? Ако негогаш сте се запрашале, ќе дознаеме од Сара, која само што се врати од Дордоњ, Франција, каде беше учесник на обуката „UNITY CANVAS: Collective Art for Wellness & Awareness“ во периодот од 29.04 – 06.05.2024. На оваа обука учествуваа млади од Македонија, Полска, Грузија и од…

0 Comments

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Thematic Awareness Training - Peers for Equality” во Романија. Место: Касоаја, Арад, Романија Датум: 21.06 – 30.06.2024 За проектот: Целната група е формирана од обучувачи на врсници, како и обучувачи и младински работници кои сакаат да истражуваат понатаму и да…

0 Comments

Повик за обука во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Youth exchange: From the idea to the project” во Франција. Место: Лагепи, Франција Датум: 1.06 – 6.06.2024 За проектот: Наменето за луѓе со искуство како фасилитатори, за да им се овозможи да се стекнат со вештини за поставување на интеркултурни проекти.…

0 Comments

Повик за младинска размена во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Let's Get Mental“ во Словенија. Лидерот на групата ќе учествува и на подготвителниот состанок кој ќе се случи од 3.06. - 6.06.2024 година. Место: Горење при Зречах, Словенија Датум: 30.06 – 8.07.2024 За проектот:…

0 Comments

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Ministry for the future” во Романија. Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија Датум: 20.05 - 29.05.2024 За проектот: Обуката „Министерство на иднината“ е наменета да ги обучи младите работници со иновативни пристапи за промовирање на циркуларна економија. Целта е…

0 Comments

ВОИСЕС мај 2024

„Тие гледаат овде“ или „Тие би погледнале овде“ (на турски: buraya bakarlar) е постер што можевте да го најдете само на подземните метро станици во Анкара во 2000-тите. Тоа беше црвен постер, кој имаше едно големо око и веѓа како да ве гледат. На почетокот многу дистописки, мислев дека тоа е огромна мистерија во моето…

0 Comments

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Kitchen Youth Work” во Германија. Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија Датум: 31.08 - 7.09.2024 За проектот: „Kitchen Youth Work“ има за цел да обезбеди соодветна средина за учење за луѓето што се заинтересирани за неформално образование или младинска работа.…

0 Comments

Повик за обука во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Volunt4YOU(th)” во Португалија. Место: Фафе, Португалија Датум: 20.06 - 26.06.2024 За проектот: Овој проект се занимава со намалениот граѓански ангажман на младите и има цел да го зголеми нивното учество во активностите на своите заедници, особено во однос на…

0 Comments

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Green Faenza” во Италија. Место: Фаенца, Италија Датум: Почеток кон крајот на мај (6 месеци) Повеќе за проектот: Волонтерот ќе ја поддржи организацијата-домаќин и локалната заедница, помагајќи при разни локални фолклорни настани, промовирајќи ги европските можности за младите и…

0 Comments

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC with Associació Alba” во Шпанија. Место: Тарега, Шпанија Датум: 01.06.2024 - 31.03.2025 (10 месеци) Повеќе за проектот: Целта на здружението е да обезбеди образовна и социјална грижа на лицата со попреченост со цел тие да станат поавтономни и да…

0 Comments

Сонот стана јаве – ЕСК во Шпанија

Живеењето во Шпанија ми беше сон повеќе од 5  години. Како студент по психологија, барав проект каде што би можела да имам пракса поврзана со мојата струка. Еден ден, додека разгледував на Инстаграм, го видов постот на Волонтерски центар Скопје за волонтирање во Шпанија во организација што им помага на деца и возрасни кои имаат…

0 Comments

Дигитално радио на заедницата за вклучување и различности кај младите: Поткасти

Развивање вештини за користење радио и паметни телефони за да се крене гласот и да се унапреди позицијата во општеството беше целта на младинската размена што се одржи во Љубојно, Македонија од 22-28.08.2024. Дваесет млади и младински работници од Македонија, Исланд, Белгија и од Данска ги истражуваа минатото, сегашноста, митовите, звуците, обичаите и традицијата на…

0 Comments

Добредојде Фуркан од Турција!

Здраво, здраво. Јас се викам Фуркан и имам 23 години. Доаѓам од Коња, Турција. Студирам компјутерско инженерство (трета година) на Универзитетот KTO Karatay во Коња. Сакам да креирам нешта преку најновите технологии. Ова е моето прво искуство со програмата „Еразмус+“. Некогаш, пред да дојдам тука во ВЦС, доброволно се пријавив да подучувам Scratch за деца…

0 Comments

Добредојде Сулејман од Турција!

Здраво. Јас се викам Сулејман, доаѓам од Турција и живеам во Анкара. Имам 21 година и студирам индустриски инженеринг на Универзитетот „Хачетепе“. Член сум на волонтерски клуб на универзитетот и учествувам на меѓууниверзитетски настани. Одговорен сум за комуникација, насоки и обезбедување информации за настаните. Сакам да читам книги, да гледам филмови, да запознавам нови места…

0 Comments

Добредојде Берфин од Турција!

Здраво и Мерхаба! Јас сум Берфин, имам 22 години, доаѓам од Турција и првпат сум во странство преку проект од програмата „Еразмус+“. Иако по потекло сум од Денизли, сепак, врските што ги создадов, искуствата што ги имав и спомените што ги создадов во Анкара навистина ме прават да се чувствувам како да припаѓам таму. Студирам…

0 Comments

Повик за обука во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “UNITY CANVAS: Collective Art for Wellness & Awareness” во Франција. Место: Дордоња, Франција Датум: 29.04 – 6.05.2024 За проектот: Обуката ќе собере 20 младински работници поддржани од 3 обучувачи кои преку работилници ќе презентираат различни пристапи за дизајнирање и олеснување…

0 Comments

Годишен извештај 2023

Дозволете да пропатуваме низ 2023 година преку ВЦС! Наполнивме 18 години, а повеќе бројки ќе најдете на страниците на нашиот Годишен извештај. Уште една година бевме домаќини на меѓународни волонтери и практиканти кои учествуваа во различни активности во Скопје (и пошироко). Бевме партнери во повеќе локални и меѓународни проекти низ Европа и ги испраќавме нашите…

0 Comments

Запознајте го Жул од Франција!

Да, знам, сигурно ќе речете: „Уште еден француски волонтер во ВЦС, до кога веќе?“. Претпоставувам, уште долго. Здраво на сите, моето име е Жул, имам 22 години и ќе бидам тука во ВЦС во следните 3 месеци преку програмата „VET“. Моето поле на работа е снимање филмови, така што ќе снимам видеа за социјалните медиуми…

0 Comments

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „За да успееш треба да учиш“

Ете полека измина и првиот (може да го наречеме меден) месец од мојот волонтерски ангажман овде во Арад, Романија. И сега веќе време е за привикнување, соочување со предизвиците и учење. Прилагодувањето и предизвиците кои ги носи тоа се составен дел од секое ново искуство, особено кога одиш некаде во странство на подолго време и,…

0 Comments