You are currently viewing Повик за волонтер во Турција!

Повик за волонтер во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: Sport for Social Support 3 во Турција.

Место: Анталија, Турција
Период: мај 2022 – јануари 2023 (9 месеци)

За проектот:
Овој проект ќе биде поделен на зимски и на летни активности

Зимските активности ќе бидат спроведени во:
• Градинка
• Природниот парк „Zeytin“
• Институција за студии „Waterfield“
• Откријте ја Анталија

Летните активности ќе бидат:
• Воглавно заштита на „Caretta Caretta“ желките за време на размножување

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Проектен партнерLidosk 

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната, како и часовите по турски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Sport for Social Suport 3“ во Турција)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: Аплицирајте веднаш!
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.