Волонтерски Центар Скопје бара 7 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена “Digital Health Revolution” во Германија.
Место: Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 10.01 – 19.01.2023
За време на младинската размена на “Digital Health Revolution”, учесниците ќе применуваат активности засновани на неформално образование и ќе научат како да користат дигитални алатки за промовирање здрави животни стилови. Ова вклучува развој на видеа, инфографици или изложби на фотографии кои може да се користат за подигање на свеста преку интернет.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NaturKultur
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 18.10.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.