повик за волонтер

повик за волонтер

Животната средина е важна-Анкара

Волонтерски Центар Скопје има потреба од 4 учесници од Македонија кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Албанија и Грузија на ЕСК проектот “Environment matters“ во Турција.

Место: Анкара, Турција

Датум: Септември-Октомври 2020 година (59 дена)

Можни се евентуални промени околу датумот на проетот зависно од моменталната состојба со COVID-19

Накратко за проектот:

Овој проект има за цел да ја подигне свесноста за чувствителни теми во заедницата, во случајов животната средина. Тој бара повик за акција каде волонтерите и локалните жители по проектот ќе бидат главните актери кои ќе се грижат за нивниот животен простор.

Ова е прилика за оние кои веќе се грижат за средината но немале начин како да допринесат. Оваа иницијатива дава можност за сите млади луѓе кои ќе се вклучат да ги подобрат своите комуникациски вештини и да развијат нови вештини кои ќе им користат во нивните идни кариери. После проектот учесниците ќе бидат основа за други иницијативи кои ќе се занимаваат во заштита на средината.

Друга цел е да им послужат добрите практики на локалните институции да спроведат други активности/проекти со главна цел заштита на средината. Со повикивање за вклученост во проектот на младите независно од нивното искуство е приоритет на овој проект, како и зајакнување на соработката помеѓу организациите и воспоставување цврсти врски од доверба за идна соработка.

Учесниците…

…треба да се на возраст од 18-30 години

…да се со место на престој во Македонија и со валидни документи

…да се со широки сфаќања, да сакаат да волонтираат и мотивирани да бидат дел од тимот

…да не биле претходно на ЕВС и ЕСК

Проетот е финансиран од ЕРАЗМУС+, значи патните трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со ЕРАЗМУС регулативите. Пари за храна, џепарлак и сместување се обезбедени.

За повеќе детали погледнете го инфопакот.

Пријавете се! Испратете Мотивациско писмо со одговор на следните прашања:

Кој сте? На која возраст? Зошто сакате да учествувате?  Како можете да допринесете за проектот?

…И CV (двете на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за пријавување: 15 Јули 2020 година