You are currently viewing Повик за волонтери во Турција!

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18 – 30 години, од Македонија за учество на ЕСК проектот „ Be a Volunteer with S&G “ во Анкара, Турција.

Место: Анкара, Турција.
Датум: 15.07 – 14.09.2022

Во овој проект учесниците ќе работат на различни теми:

-Еколошки (со „Ankara Greens“)
-Онлајн дигитални активности (вебинари, блогови)
-Инклузија (јазичен курс, спортски активности)
-Дигитална трансформација (уредување на видео и веб-страници и основен дизајн

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Партнер на проектот:

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Be a Volunteer with S&G“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 26.06.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.