You are currently viewing Повик за волонтери во Шпанија!

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект “Volunteering for Growth” во Шпанија.

Место: Херес де ла Фронтера, Шпанија
Период:
ноември 2022 – август 2023 (10 месеци)

За проектот:

Дали сте заинтересирани да работите со млади луѓе од цела Европа?  Дали сакате да се борите против расизмот и сексизмот и за одржлива иднина?  Дали сакате да ги промовирате европските вредности и демократијата?  Дали сте заинтересирани за младинска работа и да дознаете повеќе за неа?  Ќе работите со меѓународен, динамичен тим каде што можете да внесете свои идеи и креативности. Во исто време ќе се развивате како личност и ќе ги подобрите вашите јазични вештини.

Повеќе информации
Проект партнер: Asociación Juvenil Inter

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 22.11.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.