You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Volunteer in Arad!” во Романија.

Место: Арад, Романија
Период: септември 2023 – март 2024 година (6 месеци)

За проектот:

Приклучете се на овој инклузивен волонтерски проект во Арад, Романија, за поддршка на ранливите групи. Преку здобивање на практично искуство зајакнете го вашиот личен и професионален развој, научете нови методи за работа и организациски вештини. Образувајте ги младите да бидат потолерантни, припремете едукативни театарски претстави во градинките и училиштата и развијте сопствени идеи за поддршка на децата од средини кои се соочуваат со различни предизвици.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проектен партнер: Ofensiva Tinerilor

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по романски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 06.09.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.