You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18-30 години, од Македонија за учество на Тимски Волонтерски Проект „Hey Christmas Carol 4!” во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Датум: 07.11.2022 – 18.12.2022 година

За проектот:

Волонтерите ќе:

  • подготвуваат меѓународни божиќни песни, презентации за божиќната традиција што преовладува во нивните земји и божиќни работилници: уметност, музика, театар и анимација и кулинарство.
  • пеат на предбожиќни состаноци со деца, тинејџери, лица со посебни потреби и постари лица.
  • помогнат да се организира Божиќниот саем на Дедо Мраз.

За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Wiatrak

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 27.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.