You are currently viewing Call for volunteers in Poland!

Call for volunteers in Poland!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 2 (двајца) волонтери од Македонија што ќе учествуваат на ЕСК проектот “BROADEN OUR HORIZONS” во Познан, Полска.

Место: Познан, Полска
Датум: 01.10.2020 – 28.02.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е за поддршка при развивање на активности за млади и постари лица, организирање активности на отворено во училишта, поддршка на меѓународни односи и асистирање на тимот на организацијата.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлук и храната се обезбедени.

Апликација:

Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 25.08.2020