You are currently viewing Повик за волонтери во Унгарија!

Повик за волонтери во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18-30 години, од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Tittle-Tattle in Nagyvázsony V” во Унгарија.

Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 15.11.2022 – 8.12.2022

За проектот:
Во текот на трите недели, волонтерите ќе работат со четири различни теми:
1. Работилници со деца.
2. Работилница за инструменти и Green day.
3. 25-ти роденден на Fekete Sereg.
4. Комуникација и социјални медиуми.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 27.10.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.