You are currently viewing Повик за семинар во Италија!

Повик за семинар во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (20+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на семинар за проектот “Environment Sustainable Connections” во Италија.

Место: Калиари, Италија
Датум: 21.11– 25.11.2022

За проектот:
Овој проект е мобилност на младински работници и има за цел да се фокусира на иновации и подобрувања во дигиталната област во однос на младинската работа, споделување добри практики и употреба на нови пристапи, со што се создава мрежа на младински работници кои ќе дејствуваат како амбасадори на овие нови работни методи.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Associazione TDM 2000

Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 26.10.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.