You are currently viewing Повик за волонтери во Хрватска!

Повик за волонтери во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочни ЕСК-проекти “Volunteering in NGO Pomoć u kući” и “Volunteering in CPUZ” во Хрватска.

Место: Липик, Хрватска
Период: 01.07 – 01.12.2023 (5 месеци)

За проекти:

Проектот „Volunteering in NGO Pomoć u kući“ има за цел да ги поддржи активностите на НВО „Pomoć u kući“ која воглавно работи со возрасни лица, нудејќи забавни и корисни активности за борба против исклученоста.

Повеќе информацииТУКА

Проектот „Volunteering in CPUZ“ има за цел да ја поддржи работата на Centar za pružanje usluga u zajednici (CPUZ) – организација што воглавно работи со деца кои немаат соодветна родителска грижа. За овој проект е навистина важно доколку волонтерот е подготвен посветено да работи на учењето на хрватскиот јазик.

Повеќе информацииТУКА

Проектен партнер: Ocean Znaja

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 8.06.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.