You are currently viewing ВОИСЕС ЈУНИ 2023

ВОИСЕС ЈУНИ 2023

“Колку е часот? Лето!” Го започнуваме со месец јуни, кој ја симболизира убавината во сите нејзини облици, од пролетните цвеќиња до сончевата светлина што го најавува доаѓањето на летото. И што може да биде попрекрасно од започнување на сезоната со долги ноќи, зајдисонца на плажа кои го одземаат здивот или скара со пријателите во пријатна вечер?

Најдобар начин да го прославите летото е преку музика. Во темата на месецот за ова издание, навлезете во светот на „Балкански рап: спој на звук и приказни“. Дополнително, јуни го означува почетокот на одморите, а доколку се уште не сте испланирале каде, можете да црпите инспирација од искуствата од патувањето на Елиза. Таа е девојка од Бразил која го пропатувала целиот свет, а со нас ги споделува своите искуства и впечатоци. Ако копнеете да истражувате други универзуми, имаме и написи за научна фантастика и школото за сликање на реката Хадсон.

Се разбира, летото бара сонце, но важно е да се заштитите од штетните УВ-зраци. За да ви помогнеме околу ова – имаме совршената статија за вас.

Во јуни се одржуваат специјални настани, како што е Меѓународниот ден на океаните. Ако сте заинтересирани да научите како поморскиот транспорт ја користи морската вода за егзистенција, на вистинскмо место сте – имаме нешто за вас. Имаме и „Кафе за кучиња, кафе за мачки… Здраво за животните и за луѓето!“. Станува збор за концепт на кафулиња за домашни миленици.

Ви посакувам пријатно читање и одличен почеток на летото !

Клои Ле Кер

ВОИСЕС ЈУНИ 2023 PDF