You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект “ESC Montanariво Италија.

Место: Болоња, Италија
Период:
септември 2022 – август 2023 година (12 месеци)

За проектот:
Волонтерот ќе учествува во организација на локални активности и фестивали во центарот, управување со центарот кафе бар за сениори, подготовка на јазични тандеми и друго! Волонтерите ќе бидат одговорни и за развој на некои заеднички проекти (поддржани од нивниот ментор), на пр. видео за нивниот проект, учество во радио интервјуа, јазични тандеми и јавни настани поврзани со Еразмус+. За овој проект е потребно основно познавање на италијански јазик.
Организација: Centro Sociale Antonio Montanari

Повеќе информации:  ТУКА
Проект партнер: YouNet

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 12.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.