You are currently viewing Повик за волонтер во Хрватска

Повик за волонтер во Хрватска

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18 – 30 години) за учество во долгорочниот ЕСК-проект: NEDS (Nature, Environment, Development and Sustainability) во Хрватска.

Место: Книн, Хрватска
Период: 1.09 2022 – 30.12.2022

За проектот:
Проектот е фокусиран на заштита на животната средина, одржлив развој на заедницата и солидарност. Вклучените волонтери ќе дадат вистински придонес за развојот на заедницата, благодарение на нивната поддршка на активностите, како што се организирање на различни работилници/настани, еколошки и солидарни активности, промовирање на нивната култура, можности за ЕСК-мобилности и вредностите на ЕУ.

Повеќе информации: ТУКА

Проект партнер: Ecological Association “Krka” Knin

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по хрватски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 10.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.