You are currently viewing Повик за младинска размена во Шведска!

Повик за младинска размена во Шведска!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена “Volunteer for Social Inclusion” во Шведска.

Место: Флода, Шведска
Датум: 16.10 – 24.10.2022

За проектот:
Главната цел на проектот е да се истакнат придобивките од волонтерството за младите, да се зголеми социјалната вклученост на обесправените и маргинализираните групи преку волонтирање во партнерските земји, како и да се споделат веќе постоечките искуства/практики/алатки на теренот и да се поттикнат да бидат актери за позитивни промени, со спроведување на волонтерски иницијативи во заедниците на учесниците.

За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Malmö Akademiska Förening

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 235 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.08.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.