You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Rural Youth Festival 2.0” во Романија.

Место: Извоареле, Романија
Датум: јули – август 2023 (6 недели)

За проектот:
„Rural Youth Festival 2.0“ е проект за тимско волонтирање, во кој 40 волонтери ќе се соберат да овозможат разновидни културни и образовни активности и да помогнат во организирањето на Ruralympics Festival-единствениот Рурален Младински Фестивал во Романија. За времетраење од 6 недели групата млади луѓе ќе го искуси идиличниот живот на село, романската култура и прекрасните предели, како и живеење и работа во поголема интернационална група.

Ова е проект за тимско волонтирање, па затоа отворен е и за оние кои биле на долгорочен ЕВС/ЕСК проект.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Curba de Cultură

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 17.04.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.