You are currently viewing Повик за обука во Шкотска!

Повик за обука во Шкотска!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука  “Rainbow Youth” во Шкотска.

Место: Питлохри, Шкотска
Датум: 05.12 – 13.12.2022

За проектот:
Обуката за проектот: „Rainbow Youth” се фокусирана на работа со теми за сексуална ориентација, родова еднаквост и изразување, како и полови карактеристики во младинската работа.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: LEAP Sports Scotland

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 340 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 11.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.