You are currently viewing Повик за мобилност во Шпанија!

Повик за мобилност во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во мобилноста “Musicling: Recycled Instruments” во Шпанија.

Место: Гандија (Валенсија), Шпанија
Датум: 24.10 – 30.10.2022

За проектот:
Целта на проектот „Musicling“ е да го зајакне претприемачкиот дух на младите преку зајакнување на нив со потребните знаења, алатки и меки вештини за да започнат сопствен бизнис поврзан со рециклирани инструменти. За време на мобилноста, учесниците ќе имаат можност да креираат, тестираат и свират на сите инструменти создадени во текот на претходните месеци, како и да коорганизираат завршен настан со џем сесија отворена за публиката.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Xeracion Valencia

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 11.09.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.