You are currently viewing Повик за обука во Романијa!

Повик за обука во Романијa!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (20+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обуката за проектот: „Matrisks“ во Бустени,  Романијa

Место: Бустени, Романијa
Датум: 7.6 – 16.6.2022

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинските работници за да можат подобро да ги обучат и вклучат младите луѓе со помалку можности во проекти со вклучена мобилност и да го зголемат нивниот квалитет.

Проектот има за цел да ги обучи младинските работници со развивање на нови професионални вештини за зголемување на квалитетот на работата со млади луѓе со помалку можности и да ги припреми за полесно вклучување во во посигурни и поатрактивни европски проекти.

 

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

 

Партнер на проектот:  HAIR REDIVIVUS BUZAU

 

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има неповратен придонес од 20 евра.

 

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “MATRISKS“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

 

Краен рок за аплицирање: 12.5.2022 

 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.