You are currently viewing Повик за волонтери во Словенија

Повик за волонтери во Словенија

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтери (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Happy kids, happy Europe во Словенија.

Место: Ајдовшчина, Словенија
Период: мај/ јуни 2022 – декември 2022 (7 месеци)

За проектот:
Главната цел на проектот е да обезбеди различни активности за децата и младите, да им понуди интеркултурно искуство, учење и насочување кон различни вештини и компетенции. Главната цел ќе ја постигнеме со вклучување на фокус групи во креативно – културни работилници, едукативни и спортски активности.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Проектен партнер: Medobčinsko društvo prijateljev mladine Ajdovščina

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната, како и часовите по турски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Happy kids, happy Europe“ во Словенија)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 12.05.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.