You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на краткорочен ЕСК проект под наслов “EUROBACKYARDS 11” во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Датум: 19.07 – 04.09.2022

За проектот:

Темата на проектот е серија културни и едукативни состаноци кои се спроведуваат под отворено небо од европски волонтери заедно со национални волонтери. За време на активности со деца и млади сакаме да ги промовираме различните култури на Европската Унија.
Нашата цел е, исто така, да ги намалиме јазичните и културните бариери, да се бориме против стереотипите поврзани со странски култури и да промовираме активна рекреација и волонтирање, особено во меѓународен контекст.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проект партнер: “Wiatrak” Rozwija Skrzydła 

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по полски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за ЕСК-проект “EUROBACKYARDS 11”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 30.06.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.