Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18+ години) од Македонија за учество на обуката за проектот: „Tools TOOLS – Tools to Open Our Leaders’ Skills” во Варењ, Франција
Место: Варењ, Франција
Датум: 19.4 – 28.4.2022
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Преку оваа обука на учесниците ќе им бидат дадени алатки за развивање на младинското граѓанство и чувството за припадност кон европската заедница. Обуката вклучува работилници фокусирани на организација и управување на група со технички модули, вклучувајќи групна динамика; управување со конфликти; интеркултуралност ; неформално образование; одржлив развој; свесност за наследството; техники на градба на камен; управување со материјали; работа во групно управување за време на работниот камп.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Concordia
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Tools TOOLS – Tools to Open Our Leaders’ Skills“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 17.03.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.