You are currently viewing Call for participants for Youth Exchange in Serbia!

Call for participants for Youth Exchange in Serbia!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 Македонци (5 учесници, 1 лидер) кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Литванија, Романија, Србија и Босна и Херцеговина на Младинска Размена: „СПАСЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОДИ“ во Јазак, Србија

 

Место:

Јазак, Србија

 

Датум:

06.09 – 15.09.2019

 

За проектот:

Две третини од површината на земјата е покриено со вода и човечкото тело се состои од 75 проценти вода, така да е јасно дека чистата вода е еден од најбитните елементи одговорни за живот на земјата. Денеска, низ целиот свет, има многу луѓе кои немаат пристап до пивлива вода. Битно влијание на недостигот чиста вода имаат постојанорастечката популација на земјата, климатските промени, ирационално искористување, војни итн.
Учесниците во младинската размена ќе развијат различни алатки за споделување знаења за битноста на зачувување вода и нејзина заштита во локалните заедници.

 

Учесниците…

  • Треба да имаат помеѓу 18 и 23 години (лидерот мора да е 18+, без старосна граница)
  • Добро ниво на англиски е предност
  • Треба да се заинтересирани за темата
  • Треба да ја претставуваат својата земја за време на интеркултурната вечер

 

Проектот е финансиран од ERASMUS+, такашто сите патни трошоци ќе бидат надокнадени според ERASMUS+ регулациите (180 евра за Македонија). Сместување и храна ќе бидат обезбедени.

 

 

За повеќе детали проверете го Инфо-пакетот!

Аплицирај сега: Прати мотивациско писмо одговарајќи ги следниве прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како сакаш да допринесеш кон овој проект?

… и CV  (на англиски) до: vcs_contact@yahoo.com

 

!!! Краен рок за аплицирање: 19.08.2019!!!