You are currently viewing Повик за волонтери за различни проекти во Литванија!

Повик за волонтери за различни проекти во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 Македонци коишто сакаат да волонтираат на еден од 3 EVS проекти во Вилниус, Литванија!

Место:

Вилниус, Литванија

Прв проект:

„Mamos delne“ е градинка којашто обезбедува претшколско, социјално (храна, дневен одмор итн) и уметничко образование. На волонтерите им е понудено да помогнат во овие активности и да ги имплементираат со нејзините/неговите активности со децата: – Артистичко образование и изразување (пеење, играње), говорна терапија, звучна терапија и терапија со помош на раскажување приказни, методолошко учење за родители, гимнастика и останати спортови.

Времетраење: 4месеци, почнувајќи на 01.09.2019

 

Втор проект:

Музејот на играчки пренесува научно знаење за историјата на играчките од најстарите до модерните времиња на семеен, пријателски настроен начин, низ лични искуства стекнати преку играње со реплики од играчки, учествувајќи во работилници, како и вклучувајчи се во дискусии со професионални едукатори. Ние му нудиме на волонтерот да ни помогне да ги организираме работилниците во музејот, да биде водич на екскурзии, организира настани, промовира музејски активности и слично.

Времетраење: 4 месеци, почнувајќи 01.09.2019

 

Трет проект:

Демократското школо е алтернативна (слободна/демократска) школа, прва од овој тип, не само во Литванија, туку во целосна источна Европа. Се работи за дневно школо, кое моментално нуди општо образование за претшколска возраст и деца од основните училишта, но со цел да расте со текот на годините и прерасне во училиште за средношколци.

Проектот е финансирана од ЕРАЗМУС +. Сместување и храна ќе бидат обезбедени.

Аплицирај сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следното: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?

…до: vcs_contact@yahoo.com

!!! Краен рок за аплицирање: 01.09.2019 !!!