You are currently viewing Повик за учество на младинска размена во Полска!

Повик за учество на младинска размена во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 Македонци/ки кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Полска и Шпанија на младинската размена “Boost Your Future!”

Место: Насутов, Полска

Датум: 16-25.10.2019

За проектот:

Младинската размена „Boost Your Future!“ е замислена да биде како игра за учесниците – интересна, полна со пресврти и свртувања за конечно постигнување на целите (исто како и во реалниот живот). Планираме да создадеме простор за учесниците да ги утврдат нивните индивидуални развојни патеки во социо-професионалното поле, за да можат во иднина подобро да се справуваат со себеси и својот потенцијал. Сè благодарејќи да земат учество во разни едукативни активности инспирирани од методите присутни во такви форми на креативна игра како што се: LARP / RPG / Storytelling. Ќе ги користиме сите овие елементи за да создадеме единствена игра со улоги и да ја играме, чија креирана форма подоцна може да се користи со други учесници. Унапредувањето на оваа последна акција, исто така, ќе ни помогне да го спроведеме акцијата, она случување што ја стимулира локалната заедница и ги проследува ефектите од размената.

Профил на учесници:

– 18-23 години

зборуваат добро англиски јазик

– заинтересирани за теми од: само-развој, театар / игри со улоги (по избор)

 

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+ со покривање на сите трошоци согласно со ЕРАЗМУС+ програмата (275 евра за Македонци). Сместување и храна ќе бидат обезбедени од проектот.

Аплицирајте сега! Испратете мотивационо писмо ( на англиски јазик) со одговори на следните прашања: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?

како и ваша кратка биографија (на англиски јазик) наvcs_contact@yahoo.com

За повеќе детали проверете го инфо-пакот!

 

Краен рок за аплицирање: 23.09.2019