You are currently viewing Добредојде на Тангуи – Нашиот нов волонтер од Франција!

Добредојде на Тангуи – Нашиот нов волонтер од Франција!

Bonjour, Hello, Здраво!

Да се претставам: Имам 20 години и доаѓам од Франција, од еден од најголемите градови – Лил! Лил е многу убав град и добро живеев таму.

Неодамна дипломирав аудиовизуелна и медиумска технологија. Убаво ми беше на факултет, но почувстував потреба да направам пауза, да видам други нешта, надвор од моето секојдневно окружување, и да правам нови работи. Според мене, ова беше совршен момент да земам пауза и да откријам нова земја, нови начини на живот… Затоа, денес почнувам со мојата француска граѓанска служба која ќе трае 9 месеци, овде во ВЦС!

Во слободното време сакам да свирам гитара (свирам од 7-годишна возраст), да слушам музика дома или, уште подобро, на концерт или  фестивал! Исто така, сакам и да патувам и да се изненадувам од светот во кој живееме. Мислам дека Македонија има многу ресурси и едвај чекам да ја откријам оваа земја!

Моите очекувања од доаѓањето во ВЦС се: да го дадам најдоброто од себе, да бидам корисен во Шутка и во сите активности и да запознаам многу неверојатни луѓе. Кога ќе се вратам во Франција, би сакал да можам да ја опишам Македонија автентично, затоа што за многу Французи Македонија е само салата.

Тангуи Пеје
Преведувач: Весна Радиновска